|
30 јули 2010, 01:50 Мистериозен човек кој себе си се нарекува модерен Робин Худ ги користи своите коцкарски вештини за да ги 'олесни' казината во Лас Вегас, а потоа парите им ги дава на сиромашните. Тој има и деловна партнерка, која ја нарекува исто како и љубовта на Робин Худ, Маријан, а за која е познао дека е бразилска манекенка.
Професионалниот блекџек играч и неговата дама, на јавноста не сакаат да и ги откријат своите идентитети, велејќи дека тоа не е ни битно – битно е да им се помогне на сирoмашните. Двојката отворила и своја интернет страница на која ги повикува сиромашнните да ја испратат својата животна приказна и да освојат максимум 36.000 евра.
Модерниот Робин Худ и неговата партнерка досега поделиле 700.000 евра. За едно сиромашно семејство, професионалниот коцкар освоил 24.000 евра за да ги отплатат долговите во кои западнале купувајќи лекови за своето бебе кое имало тумор на мозокот.
Приказната го трогнала Робин Худ кој на семејството му платил пат до Лас Вегас и престој во луксузен хотел.
'Можев едноставно да им ги дадам парите, но им ветив дека ќе ги заработам со коцка. Кога им ги дадов парите, само дојдов до нивната маса. Ги видов нивните среќни лица заради тоа што веќе нема да имаат долгови и знаев дека вредеше да се помачам. Кога влегов во собата почнав да плачам. Ми беше големо задоволство тоа што им помогнав', рекол Робин.  Робин Худ и неговата дама
Тоа што го натерало да им помага на луѓето е созананието дека мнозинството нема ни приближно среќен живот како неговиот.
'Голем дел од луѓето можат само да сонуваат за живот каков што е мојот. Каде и да посакам одам со авион, отседнувам во луксузни апартмани и не се грижам за парите. Затоа сакав да им помогнам на сиромашните да почувстуваат барем дел од тоа. Би било поедноставно да им ги дадам парите, но јас ги користам коцкарските вештини зашто тогаш можам да кажам дека парите сум ги заработил', рекол мистериозниот богаташ.
Инаку, никој во коцкарниците во Лас Вегас не го знае неговиот идентитет. Познато е само дека се коцка од својата 16-та година.
|
Коментари