|
29 јули 2010, 15:35 Вера Кобалија (28) во февруари оваа година се вратила од Канада во Грузија. Само четири месеци подоцна станала министерка за стопанство.
Грузиските медиуми шпекулираат дека сегашната министерска била сопственичка на ноќен стриптиз-бар. Во Канада живеела со родителите, а во Грузија се вратила за да работи за организацијата Коалиција за правда.
Само четири месеци подоцна станала министерка за стопанство наместо дотогашниот министер, Нико Гилаурија. Претседателот на Грузија, Михаел Сакашвили, наводно ја запознал Вера на Олимписките игри во Ванкувер и ја довел во Грузија.
Еден грузиски весник објавил фотографија на која таа игра со стриптизети. Вера за Индепендент рекал дека фотографијата која е објавена на нејзиниот фејсбук е од пред десет години кога била на одмор на Флорида.
Таа завршила факултет за деловна администарција во 2004 година, а во Канада работела во невладини организации и како менаџерка во некои компании.
|
Коментари