|
27 јули 2010, 01:45 Раскалашаните сестри Парис и Ники Хилтон продолжуваат да се забавуваат низ Европа. Минатиот викенд биле во Франција, во Сент Тропе, а на вечерната забава Парис не можела да одолее на алкохолните пијалоци и на микрофонот. Толку испила што телохранителите морале да ја придржуваат.
Во истиот клуб бил и нејзиниот бивш љубовник Даг Рејнхард кој, според фотографиите, изгледа не поднесува многу алкохол. Таблоидите веќе објавија дека Парис и Даг се натпреварувале кој повеќе ќе испие.
|
Коментари