|
27 јули 2010, 01:00 Германското обвинителство и тамошните тајни служби наводно имаат сериозни индиции темелени на метеријални докази дека првиот натпревар од финалето на Хрватскиот куп во 2009 година меѓу загрепски Динамо и сплитски Хајдук кој завршил со резултат 3:0 бил лажиран.
Приказната е придружена со документи кои наводно потекнуваат од германските служби, а ги поседува и специјалното обвинителство на Хрватска з апорганизиран криминал.
Прислушкувајќи ги разговорите и следејќи ги СМС-пораките на извесен Анте Шапина, службите заклучиле дека тој влијаел врз изборот на судијата на натпреварот. Луѓето на Шапина, наводно биле во контакт и со директорот на Динамо, Зоран Мамиќ.
На барање на Германците биле блокирани и сметките на Шапина.
|
Коментари