|
25 јули 2010, 23:38 Овошен сок за доручек, жесток пијалок пред ручек или вечера, малку вино за ручек, коктел после вечерата – вкупно 420 калории. Не е малку, зар не? За да ја избегнете оваа замка внимавајте што пиете. Лето, кога термометарот ќе почне да дивее, течноста е неопходна за полесно функционирање на организмот. Водата секогаш е најдобар лек за тропските горештини, но често се случува наместо нејзе да избереме слатки, освежителни напитоци. Таа опција е преполна со калории заради кои килограмите лесно се лепат за телото.
Овошни сокови
Нектарот содржи од 20 до 50 отсто пулпа и шеќер. Додека свежо исцедените сокови содржат само овошје, па со тоа и помалку калории. За и против Овошните сокови без шеќер се добар извори на минерали и витамини. Нектарот, бидејќи е прилично сладок, може да ја зголеми жедта наместо да ја намали. Во 100 мл нектар има 60, а во иста количина свежо цеден сок има 20 ккал.
Газирани пијалоци
Основни состојки им се вода, шеќер, јаглен-диоксид и арома. Во пијалоците со овошје содржината на овошје не би требало да биде помалку од 10 отсто. За и против Го поттикнуваат варењето, но можат да предизвикаат надуеност, а во некои случаи гастритис и гасови. Покрај тоа, преполни се со шеќер. Во 100 мл има 40 ккал. Леден чај и кафе
Содржат вода и различни видови чај и речиси секогаш, шеќер во количина од околу 10 отсто. Ја гаси жедта, а кај кафето присуството на кофеин ги полни батериите на човекот. Во 100 мл леден чај има околу 32 ккал.
Коктели
Содржат најразлични видови алкохол, овошни или газирани сокови, ликери и сл. Алкохолот ни дава празни калории, односно калории кои на организмот не му се неопходни. Затоа почнуваме да се потиме и влегуваме во маѓепсан круг – колку повеќе пиеме, повеќе се потиме и одново сме жедни. Во 100 мл коктел има околу 220 ккал. Пиво
Се добива со ферментација на јачменов слад и хмељ, содржи алкохол, а може да биде светло и темно. За и против
Освен минерали и витамини содржи и антиоксиданси, но тоа не значи дека можете да претерувате – тоа сепак е алкохолен пијалок, а покрај тоа предизвикува и надуеност. Во 100 мл има 35 до 50 ккал. Вино
Се добива со ферментација на грозјето, кога неговиот сок богат со шеќер се претвора во алкохол.
За и против Црното вино го намалува лошиот холестерол и го штити кардиоваскуларниот систем, но позитивното дејство се губи ако се пијат повеќе од две чаши дневно. Содржи околу 70 ккал во 100 мл. Ракија
Тоа е дестилат добиен од овошје или од отпадокот од грозје при добивање вино.
За и против
Заради високиот процент на алкохол ги намалува менталните способности и предизвикува главоболка. Има многу калории, а не содржи ниту една материја која може да му користи на организмот. Во 100 мл има околу 240 ккал
|
Коментари