|
|
|
Македонски фудбалери за Втора турска лига |
|
25 јули 2010, 00:58 Како што е објавено на официјалниот веб сајт на скопскиот фудбалски клуб Металург, стандардниот напаѓач на екипата, Јован Костовски, од вчера е член на турскиот второлигаш Ордуспор.
Тој потпиша двегодишен договор со оваа силна екипа, која има прволигашки амбиции, а токму Костовски се вклопувал во нивната концепција за влегување во елитата, се вели во информацијата од клиубот објавена на сајтот. Ете, изгледа тоа е нивото на македонскиот фудбал во овој момент: да служи како расадник на фубалери за Втората турска лига.
|
|
|
Коментари